Ноќ на слава и гламур во Лос Анџелес: „Green Book“ е најдобриот филм, а еве кој сè се закити со Оскар!

Точка

25/02/2019

09:30

5.636

Големина на фонт

а а а

„Green Book“, вистинска приказна за црн пијанист, ја освои главната наградата во Лос Анџелес ова утро на Американската академија за филмска уметност и наука, Оскар за најдобар филм.

Мексиканскиот режисер, Алфонсо Кварон, кој веќе освои Оскар за најдобар режисер во 2014-та година, за остварувањето „Гравитација“, и оваа година доби награда во истата категорија за филмот „Рома“. Филмот доби Оскар и за најдобар странски филм.


Малек рече дека не е лесно да го играш Меркјури, „хомосексуалец и имигрант“, и додаде дека и самиот е имигрант, бидејќи родителите му се Египќани, кои се преселиле во Калифорнија.

Најдобра актерка е Оливија Колман „The Favourite“, иако главен фаворит за Оскар во таа категорија беше Глен Клоуз (71) за „The Wife“. Актерката е седум пати номинирана за Оскар.

Во категориите за најдобар актер и актерка во споредна улога, наградите оваа година ги добија Махершала Али за „Green Book“ и Реџина Кинг за „If Beale Street Could Talk“. Махершала Али пред две години доби Оскар во истата категорија, за филмот „Moonlight“.

Режисерот Спајк Ли, доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „BlacKkKlansman“. Ли во 2015-та година доби Оскар за животно дело, но овогодинешната награда му е прва во натпреварувачкиот дел.


Филмот „A Star Is Born“ со Лејди Гага и Бредли Купер, кој беше номиниран во неколку категории, доби Оскар за оригинална песна „Shallow“.

##https://twitter.com/BeingLGBTQPod/status/1099920107604725760##

Церемонијата за првпат од 1989-та година е одржана без водител.

Со доделувањето на Оскарите се завршува сезоната на доделување на филмски награди во светот.


Пред Оскарите, доделени беа наградите од Британската академија за филм (BAFTA), како и наградите од Американското здружение на продуценти (Producers Guild of America - PGA), Американското здружение на режисери (Directors Guild of America - DGA) и Златните глобуси. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг