Вечерва седница за одземање на имунитетот на Вељаноски

Макфакс

24/02/2019

19:14

1.590

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по долго размислување и толкување на вчерашната одлука на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања одлучи за вечерва во 21 часот да ја закаже седницата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Комисијата вчера со резулатат од гласањето 4 спрема 4 не донесе став за одземање на имунитетот на Вељаноски, откако пратеникот од ДУИ, Агим Шаќири, не се појави на седницата поради влошување на неговата здравствена состојба.

Вељаноски заедно со ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се осомничени за организирање на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Јавното обвинителство минатата недела побара притвор за тројцата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг