Војската на Мадуро отвори оган кон цивили, има и жртви

Точка

22/02/2019

21:08

2.633

Големина на фонт

а а а

Најмалку две лица загинаа а неколкумина се повредени во инцидентите што избија на границата меѓу Венецуела и Бразил. Венецуелските војници отворија оган кон група цивили недалеку од границата, објави „Вашингтон пост“.

Нередите се случуваат откако вчера претседателот Николас Мадуро донесе одлука за затворање на границата со Бразил, на границата стигна војската.

Волонтери се обиделе за ги спречат полициските возила, за да границата, кон која пристигнува хуманитарна помош, остане отворена. Но, војниците верни на Мадуро отвориле оган.

Загинале маж и жена, а најмалку тројца се во критична состојба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг