Вардар без Борозан „летна“ за Шведска

Дерби

22/02/2019

17:07

952

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар утре ја очекува уште еден важен меч во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против Кристијанштад, тим кој може да биде незгоден особено пред своите гледачи.

Таа средба се игра од 19 часот, а на истата тренерот Роберто Гарсија Парондо нема да може да смета на „бомбардерот“ Вуко Борозан кој остана во Скопје како и на Марко Мишевски. Црногорецот се уште чувствува болка и поради тоа не отпатува за Шведска, односно остана во нашиот главен град каде ќе работи под посебна програма за рехабилитација.

- Вуко Борозан има болка, а уште 2-3 играчи истотака имаат проблеми, но тие ќе патуваат и ќе играат. Размислуваме само за овој меч во сабота, и тој единствено не интересира, - порача Парондо.

„Црвено-црните“ во моментов се на третото место во групата А зад Барселона и Веспрем, меѓутоа тоа може да се промени ако нашиот шампион оствари два позитивни резултати, а унгарскиот вицешампион направи киксови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг