Костадинов: Мицкоски да се извини за провидниот театар пред болницата „8 Септември“

Макфакс

22/02/2019

15:41

1.129

Големина на фонт

а а а

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата „8 Септември“, рече на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Како што објасни Костадинов, Мицкоски прво рекол дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата на Јанакиески, а по само неколку секунди признал дека тоа не е точно.

„Порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави. Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор“, истакна портпаролот на владејачката партија.

Тој посочи дека истрагата за овој, како што го нарече, инцидент ќе ги даде сите одговори.

„Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоски и Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април“, рече Костадинов и додаде дека граѓаните нема да дозволат Мицкоски да создаде нови кризи, поделби и тензии.



Спонзорирани линкови

Маркетинг