Овој човек има 39 жени, 94 деца, 33 внуци и сите живеат под ист покрив - запознајте го најголемото семејство на светот

Точка

21/02/2019

10:10

4.003

Големина на фонт

а а а

Зион Чан е најбогатиот човек на светот со 39 жени, 94 деца и 33 внуци со кои живее во куќа на 4 спрата, па овој Индиец е моментално глава на најголемото семејство на светот.

Најголемото индиско семејство се состои од 39 жени, 94 деца, 14 снаи и 33 внуци, на чело со најбогатиот човек Зион Чан, во селото Бактванг во индијската држава Мизорама. 

Во 4 катна палата која има дури 100 соби живеат четири генерации, а бројноста на семејството сè уште не е конечно. Имено, Чан тврди дека не е исклучено уште некое проширување на семејството, бидејќи како што вели тој, не сака да пропушти ниту една прилика за брак.


Жените ги делат спалните соби, а за секоја од нив да добие можност ноќта да ја помине со својот сопруг постои распоред, најмладите жени се сместени поблиску до спалната соба на мажот, додека постарите нешто подалеку во куќата.

"Ние остануваме со Зион, бидејќи тој е најважната личност во семејството, а покрај тоа и најзгодниот маж во селото", објаснува Ринкмини (35), една од жените на Чан.


Слога, почитување и љубов владеат во семејството на Чан, чија организација е налик на војна - жените заедно ги подготвуваат оброците под команда на најстарата, Затианга. Да се нахрани толку големо семејство не е лесно, па дневно се подготвуваат околу 70 килограми месо и 50 килограми ориз.

Еден од синовите на Зион инсистираше дека неговиот татко сака да ги ожени сиромашните жени од селото за да се грижи за нив.


"Се чувствувам како божји миленик, бидејќи ми даде толку многу деца за кои се грижам".

Господинот Чан е и лидер на христијанската секта каде на мажот му е дозволено да има жени онолку колку што сака. Во текот на една година Зион ожени дури десет жени, а нагласи дека поради проширување на својата "секта" планира да оди во Америка за повторно да се ожени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг