Одличните партии си го сторија своето: Валенсија се распрашува за Столе Димитриевски

Дерби

19/02/2019

13:27

1.140

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски заедно со Раул Де Томас е посочен како најдобар играч на Рајо Ваљекано во досегашниот дел од сезоната.

Столе редовно прикажува одлични партии во Ла Лига, а тоа не остана незабележано од поголемите клубови.

„Супердепорте“ пишува дека претставници на Валенсија биле на неколку натпревари на Рајо и дека Столе им оставил одличен впечаток.

Се уште не е дефинитивно одлучено дали клубот од „Местаља“ ќе тргне по услугите на Димитриевски во летниот преоден рок, но дефинитивно младиот голман е влезен во нивниот нотес како замена за Нето кој би можел да се пресели во поголем клуб на лето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг