Најлудиот фан на Ол-старот: Сакаше повеќе од автограм од Стеф, Кари со одговорот ги изнасмеа навивачите

Дерби

19/02/2019

11:00

1.306

Големина на фонт

а а а

НБА Ол-стар викендот во Шарлот заврши и сега играчите имаат неколку денови одмор пред да им се вратат на предизвиците во најсилната лига на светот.

Меѓутоа додека се случи тоа, на интеренет, поточно на социјалните мрежи се појави една снимка од еден луд фан кој полуде откако го виде Стеф Кари и притоа имаше само едно барање од него. Имено тој не сакаше автограм, туку Кари да го допре неговиот дрес, барање кое со насмевка го испрати и Јанис Адетокумбо кој беше веднаш зад ѕвездата на Голден Стејт Вориорс.

Стеф не остана рамодушен и го зема дресот и ја забриша главата по што го врати назад, потег со кој ги изнасмеа останатите навивачи на трибините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг