Рамос одговори на критиките: Немав друг избор

Макфакс

16/02/2019

12:34

782

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, бил изненаден од реакциите по повод неговата изјава дека намерно добил жолт картон на мелот со Ајакс во Лигата на шампионите.

Реал првиот осмина-финален меч, одигран во средата во Амстердам, го доби со 2:1. По мечот негативни коментари предизвика изјавата на Рамос, кој веднаш по вториот гол направи фаул за жолт картон.

На новинарско прашање дали знаел дека за стартот ќе добие жолт картон тој рекол:

„Да, но немав избор?“.

Наводно, Рамос, на овој начин ги „исчистил“ картоните за да не го доведе во прашање настапот во четврт-финалето.

УЕФА го истражува случајот и доколку биде докажана намерата тој би можел да добие уште еден меч суспензија.

Откако ја разбрал сериозноста на целата ситуација, што самиот ја предизвика кога рекол дека „го исфорсирал прекршокот“, ја сменил приказната.

„Изненаден сум од приказната. Моите зборови се однесуваа на форсирањето на прекршокот. Фаулот морав да го направам. Не одев со намера да добијам жолт картон. Имаа опасна контра во 88 минута, во ситуација кога се беше отворено. Поради тоа рекол дека би излажал дека не знаев дека ќе бидам казнет“, рекол Рамос.

Реванш натпреварот помеѓу Реал и Ајакас ќе се одигра на 5 март, а УЕФА најавија дека до крајот на месецот ќе донесат одлука дали Рамос ќе добие уште еден меч суспензија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг