Град во кој не постои 12 часот бидејќи часовникот отчукува само до 11

Точка

15/02/2019

19:41

4.173

Големина на фонт

а а а

Замислете часовник на кој недостасува бројот 12. Не е грешка – ваквиот часовник е доказ за необичната фасцинација на цел еден град со бројот 11.

Швајцарскиот Солотурн е основан од страна на Римјаните пред 2000 години, но паднал во “туристички заборав” поради близината со Берн кој почесто се посетува од ова место. Градот е речиси опседнат со бројот 11 и е дом на 11 цркви, 11 капели, 11 фонтани, 11 кули и 11 музеи, а сѐ започнало уште во 15-тиот век. 


Не е само часовникот во знакот на бројот 11. На фонтаните можат да се забележат точно 11 чешми за вода, на музеите 11 врати високи 11 метри итн.

Но, зошто Солотурн е опседнат токму со овој број? Одговорот не го знаат ниту неговите жители.


Народната легенда зборува за магични џуџиња кои дошле од блиската планина Вајсентстин за да ги охрабрат жителите на градот кои напорно работеле, но никогаш не напредувале. Со усвојување на бројот 11 (елф на германски јазик), граѓаните им оддале почит на своите спасители.

Другото објаснување е библиското значење на бројот, па така и жителите на Солотурн сметаат дека бројот 11 е “свет број”. Во нумерологијата, бројот 11 се смета за најинтуитивен и е најчесто поврзуван со верата и постојаната потрага по совршенството.

Ако религијата е еден дел од ДНК структурата на овој град, геополитиката е друг. Во 1481 година, швајцарскиот град станал 11-ти кантон на конфедерацијата, а до 16-ти век бил поделен на 11 протекторати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг