Сопственикот на “Дурмо турс”: “Возачот ја изгубил контролата над автобусот, чувствуваме морална одговорност за несреќата”

Точка

15/02/2019

14:48

7.820

Големина на фонт

а а а

Во интервју за ТВ24, сопственикот на “Дурмо турс”, Дурмиш Белули, изразил длабоко жалење за автобуската несреќа која се случи во селото Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово.

“Чувствуваме морална одговорност затоа што тие патници беа членови на нашите семејства, со години патуваа со нас. Од Гостивар се знаеме со сите. Жалиме длабоко, потресени сме, едноставно во шок сме”, вели Дурмиш Белули.

Белули вели дека веднаш по несреќата, одговорно лице за возниот парк во компанијата стапило во контакт со возачот, кој како што вели бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата. На повторното прашање дали ја изгубил контролата врз автобусот, тој одговорил дека самиот ја изгубил контролата. Веројатно станува збор за некоја здравствена причина бидејќи автобусот се движел 200-300 метри и нема трага на кочење и ниедна реакција на возачот, вели Белули.

Тој истакнал дека возачот тој ден не го пречекорил работното време согласно нормите што ги предвидува Законот. Возачот не пријавил дека боледува од нешто или има некоја здравствена причина поради која не смее да работи ги ги има сите потребни документи – сертификат, возачка дозвола и лекарско уверение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг