Променливо облачно со температура до 10 степени

Макфакс

15/02/2019

08:40

1.539

Големина на фонт

а а а

Времето изутринава е умерено до значително облачно, во текот на ноќта и изутринава во западните и северните делови со слаб локален снег. Дува умерен ветер од северен правец, особено на повисоките места.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец, особено во североисточните делови од земјава и на повисоките места. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Од утре следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. За време на викендот утринските температури ќе бидат ниски, во интервал од -8 до -2 степена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг