Директорот на Интер за Икарди: Се концентрираме на колективот, а не на поединец

Точка

15/02/2019

10:04

1.094

Големина на фонт

а а а

Ситуацијата на релација Интер – Икарди и натаму е тензична, откако клубот одлучи да му ја одземе капитенската лента, а Аргентинецот одби да настапи на дуелот против Рапид Виена.

Интер синоќа славеше на гостувањето кај Рапид Виена со 0:1 со голот на Лаутаро Мартинез, но во тимот го немаше доскорешниот капитен Мауро Икарди кој што, како што потврди и тренерот Спалети, одбил да игра.

Според директорот на клубот, Пјеро Аусилио, Интер ја донел вистинската одлука со одземањето на капитенската лента: „Очекувано е тој да биде вознемирен, но Икарди останува важен за нас поради неговите квалитети и тоа што го даде за Интер досега“.

„Во фудбалот, како и во секоја друга организација мора да се сконцентрираме на колективот, а не на поединецот. Ќе видиме дали ќе го суспендираме како што беше во случајот со Наинголан. За многумина ова е чекор назад, но јас сум сигурен дека за екипата ова се десет чекори напред“, изјави Аусилио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг