Рама повторно погоден во глава, бојата му течела по лицето: Опозицијата го гаѓала албанскиот премиер, не пропуштаат шанса да му покажат што мислат

BalkanInsight

14/02/2019

14:26

3.501

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од редовите на опозициската Демократска партија, Еди Палока, денес предизвикал инцидент во парламентот откако го полил премиерот Рама со боја.

Инцидентот уследил откако албанскиот премиер Рама му се обратил на лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, кој повеќе зборувал за "криминалите на актуелната албанска влада", отколку за ратификацијата на Протоколот на Македонија во НАТО, истакнувајќи дека "детето не знае што прави и што зборува", и дека не е момент за ова поради автобуската трагедија во Македонија и поради важноста на точките на дневниот ред. 

На барање на претседателот на парламентот Грамоз Ручи, припадниците на Националната гарда, кои се задолжени за обезбедување на парламентот го исфрлиле Палока од собраниската сала.

Палока добил 10-дневна забрана за влегување во парламентот.

Рама по тој повод му се извинил на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој бил присутен на седницата.

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, ја искористил оваа можност да ги повика граѓаните масовно да дојдат на антивладините протести закажани за 16-ти февруари, оценувајќи дека денес присуствувале на "погребот на државата".



Спонзорирани линкови

Маркетинг