Рамос призна дека намерно заработил жолт картон против Ајакс, сега се соочува со дополнителна суспензија

Дерби

14/02/2019

12:29

1.373

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос по вчерашниот натпревар со Ајакс призна дека намерно заработил жолт картон се со цел да го прескокне реваншот во Мадрид и да биде „сигурен“ за следните потешки предизвици.

Жолтиот картон беше трет за капитенот на Реал Мадрид оваа сезона што значи дека ќе мора да отслужи еден натпревар казна и нема да има право да настапи на возвратниот натпревар со Ајакс, но затоа ќе биде слободен да прави жолти картони во четвртфиналето, без да биде под закана за суспензија.

- Не го потценувам противникот, но некогаш мора да донесете вакви одлуки, а јас тоа го одлучив - истакна Рамос во интервју за „Ел Чирингито“.

Сепак, Рамос се соочува со два натпревари казна доколку од УЕФА се држат до нивното правило. Од Европската куќа на фудбалот пред неколку години донесоа правило играч кој намерно ќе заработи жолт картон да заработи суспензија од два натпревари, исто како да добил црвен картон.

Минатата сезона, соиграчот на Рамос, Дани Карвахал заработи ваков бан кога во последните моменти од средбата против АПОЕЛ доби намерен жолт картон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг