Капело го „уништи“ Икарди со својот коментар за Ванда: Залудно се поздравуваш со судијата кога…

Дерби

14/02/2019

12:25

1.154

Големина на фонт

а а а

Мауро Икарди во изминативе 24 часа се претвори во топ тема во италијанската спортска јавност, а причина за тоа беше одлуката според која клубот реши да му ја одземе капитенската лента и истата да му ја додели на Самир Хандановиќ.

Сето ова дојде како последица на непримерните коментари кои во последно време ги испраќаше неговата сопруга и агент во врска со преговорите за нов договор, а набрзо по оваа одлука, пристигна и уште една бура бидејќи досегашниот капитен одбил да му се приклучи на тимот за гостувањето во Виена.

Спалети откри дека Аргентинецот го одбил неговиот повик и поради тоа не се нашол во тимот кој ќе игра против Рапид, па така сега цела италијанска јавност се прашува што ќе се случи со напаѓачот кој досега беше лидер на тимот. Одлуката на Интер и непрофесионалниот потег на Икарди предизвикаа безброј коментари во јавноста, а во низата мислења се издвојува она на Фабио Капело кој буквално му одржа лекција на Мауро.

– Во една соблекувална никако не смее да се дозволи сопругата на капитенот да кажува одредени работи, а капитенот да не го брани тимот. Залудно се поздравуваш со судијата кога излегуваш на теренот кога очигледно капитенот е во твојот дом, – вели Капело за „Скај“, јасно алудирајќи дека Ванда Нара ја има улогата на шеф во неговата ситуација и е одговорна за постапките на капитенот.

– Од тоа што го анализирав, мислам дека ова е одлука на Марота. Тој сака да испрати јасен сигнал до сите, па дури и до тренерот кој јавно бараше да се реши прашањето околу Икарди. Ова е правилната постапка, – завршува искусниот стручњак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг