Македонските јавни личности изразија сочувство до семејствата на загинатите во страшната сообраќајна несреќа

Точка

14/02/2019

12:32

4.189

Големина на фонт

а а а

Веста за тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово предизвика реакции од бројни познати личности кои го изразија своето сочувство преку социјалните мрежи.

“Неизмерна болка и тага чувствувам за изгубените животи во денешната тешка сообраќајна несреќа. Посакувам од срце брза закрепнување на повредените. Моето сочувство до семејствата на починатите”, напиша пејачката Тамара Тодевска. 

“Тажно, тажно…претажно… Сочувство до семејствата!!!”, порача Елена Ристеска.

Помеѓу познатите кои изразија сочувство е и Каролина Гочева:

Како и Игор Џамбазов..

“Нека им е светол патот…нека почиваат во мир. Сочувство на семејствата на загинатите во оваа огромна трагедија”, напиша Лила Филиповска.

За големата трагедија се огласија и Викторија Лоба, водителката Елена Стефановска, Калиопи, Дани Димитровска и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг