Видео: Стравотна глетка утринава на местото на автобуската несреќа

Макфакс

14/02/2019

11:19

10.143

Големина на фонт

а а а

Расфрлани лични работи од патниците, торби, куфери, траги од крв и делови од автобусот е само дел од она што утринава може да се забележи на местото каде што вчера се случи автобуската несреќа во која животот го загубија 14 патници, а седуммина се борат за живот.

Искршената банкина на автопатот сведочи за трагичната несреќа која се случи вчера околу 17 часот, кога патничкиот автобус на „Дурмо турс“ преминал во друга коловозна лента, излетал на регионалниот пат, а потоа завршил во ендек. Причините за несреќата се уште не се познати.

На местото на несреќата има бројни полициски екипи, а се очекува во текот на денот автобусот да биде извлечен, откако ќе заврши увидот.

Автопатот Тетово – Скопје е блокиран на клучката за влез во селото Ласкарци, бидејќи се уште трае увидот на местото на несреќата.

Во 12 часот во општина Гостивар ќе се одржи комеморативна седница по повод трагичниот настан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг