Мадуро со уште една закана до Трамп: Ако имеријата се осуди да ја нападне Венецуела, ова ќе се претвори во нов Виетнам!

Точка

14/02/2019

10:09

2.576

Големина на фонт

а а а

Мадуро во разговор за либанската телевизија Ал-Мајадин изјави дека Гуаидо сака да ја разедини државата и да ја увери американската влада воено да интервенира во Венецуела.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро му се закани на главниот опозиционер, односно самопрогласен привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо дека „порано или подоцна“ ќе одговара пред судот затоа што го прекршил уставот со тоа што се прогласил за претседаел на државата.

Голем број на земји, на чело со САД, го признаа Гуаидо за привремен претседател на државата, но сепак Мадуро и натаму ги контролира државните институции и војската на Венецуела.


„Ако американската империја се осуди да допре само еден лист од палма во нашата држава, ова ќе се претвори во нов Виетнам“, порача Николас Мадуро во моментите кога Американците се практично пред носење на одлука за воена интервенција во Венецуела.

Од Врховниот суд на Венецуела веќе му забранија на Гуаидо да излезе од државата и му ги блокираа сметките, но се чини дека никој не се осудува се уште да го уапси, затоа што евентуалното негово апсење по автоматизам би значело воена интервенција на САД во Венецуела.

„Тој човек, кој верува дека политиката е игра и дека може да го прекршува Уставот и законите, порано или подоцна ќе треба да одговара пред судовите“, истакна Мадуро за Гуаидо, нагласувајќи дека е „апсолутно сигурен“ дека еден ден ќе се случи тоа.


Американскиот претседател во текот на вчерашниот ден потврди дека не исклучува ниту една опција во врска со Венецуела, нагласувајќи дека претседателот Николас Мадуро со тоа што не ѝ дозволува влез на хуманитарната помош во земјата, прави голема грешка.

„Постојат разни решенија, разни опции. Сите ги разгледуваме“, изјави Доналд Трамп за време на сребата со колумбискиот претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг