Таравари: Жалосен ден за цела Македонија

Макфакс

13/02/2019

20:30

3.553

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, ја посети скопската болница 8 Септември каде се хозпитализирани најголем дел од повредените патници од автобусот на „Дурмо турс“ кој попладнево се преврте на автопатот Скопје – Тетово.

Таравари посочи дека автобусот сообраќал на релација Скопје – Гостивар и со него патувале претежно гостиварци.

Во „8 септември“ биле донесени 35 патници од кои петмина им подлегнале на повредите. Од останатите хоспитализирани петмина се во критична состојба.

Таравари посочи дека петмина од патниците биле примени и во Клиничката болница, од кој двајца се во сериозна состојба. Тој, како и министерот Филипче претходно, потврди дека шоферот е жив и во релативно стабилна состојба.

Гостиварскиот градоначалник изјави дека разговарал со семејства на жртвите и повредените околу тоа дали во овој момент им е потребна некаква помош и посочи дека се преземаат сите можни медицински мерки пациентите до утре да бидат во подобра здравствена состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг