Најмалку 4 лица се загинати во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, кога патнички автобус околу 17 часот од непознати причини се преврте од патот.
Четири лица загинале попладнево откако автобус на компанијата „Дурмо турс“ се преврте на патот Скопје – Тетово во близина на селото Ласкарци, потврди директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов.
Тој рече дека во состојба опасна по живот е уште едно лице, кое во моментов е на интензивна нега.
Директорот потврди дека во болницата засега се пренесени 36 патници, но се очекува бројот да се зголеми бидејќи, според неофицијални податоци, во автобусот патувале 50 лица.
Костов додаде дека сите доктори на болницата се повикани на работа и отворени се сите операциони сали.
Автопатот Скопје – Тетово е целосно во прекин.