Неофицијално има две жртви и многу повредени: Извлекување на патници од автобусот што се преврте на релација Скопје-Тетово

Макфакс

13/02/2019

18:29

10.987

Големина на фонт

а а а

Патнички автобус што се движел на релација од Скопје кон Тетово попладнево излетал од автопатот и се превртел.

Неофицијално, има две жртви од превртениот автобус и веќе триесетина се пренесени во Градската болница во Скопје и на други клиники, дознава „Макфакс“. Извлечени се сите патници.

По превртувањето, околу 50 патници останале заклучени во автобусот и чекале да интервенираат спасувачките тимови. Досега се ангажирани три амбулантни возила и неколку полициски тимови и приватен багер.

Полициски патроли го блокирале и обезбедиле местото на несреќата, а медицински екипи во Скопје се мобилизираат за да им пружат прва помош на повредените.

Според очевидци, причина за несреќата била експлозија на една од автобуските гуми.


Во патничкиот автобус на компанијата „Дурмо турс“ патувале околу 50 луѓе. Тој се преврте по 17 часот во близина на селото Ласкарци во општина Сарај, од засега непознати причини. 





Спонзорирани линкови

Маркетинг