СДСМ: Јавноста ќе биде информирана дали има непотизам при вработувањето на роднини на функционери

Макфакс

13/02/2019

17:33

834

Големина на фонт

а а а

Сите вработувања се согласно план, програма на самата институција и за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми, велат од СДСМ и се повикуваат на Државната комисија за спречување на корупцијата која порача дека ќе направи анализа и ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери.

Јавноста навремено ќе биде информирана за исходот на постапката, додаваат од владејачката партија од каде порачуваат дека се доследни на ставот оти во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.

Како реакција на обвинувањата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ дека синот на пратеничката Ѓорѓиева е вработен во МВР со средно образование, од СДСМ велат дека доколку отворено се зборува за непотизам, тогаш опозициската партија треба да се запраша како нејзиниот претседател Христијан Мицкоски на машински факултет станал асистент токму кај татко му.

„Нека го прашаат Мицкоски и за тоа како и зошто токму тој добил бизнис со хидроцентралите од Владата во која бил ангажиран како советник на неговиот Никола Груевски“, порачуваат од владејачката партија.

Истакнуваат и дека секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако не смее да се доведе во врска со работното место, објаснивајќи дека започнат е процес на деполитизирана и департизирана администрација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг