Тој може да ја спаси Венецуела? Милијардерот подготвен да вложи во земјата на работ на пропаст, но поставил еден услов

Точка

13/02/2019

14:29

5.002

Големина на фонт

а а а

Египетскиот милијардер Нагуиб Савирис изјавил дека ќе вложи во Венецуела било кога, откако претседателот Мадуро ќе ја напушти таа функција.

"Тој го изгладнува сопствениот народ, ја изгладува целата земја, ја уништил својата земја. Тој треба да замине", рекол Савирис за телевизијата "Bloomberg" во Абу Даби. 

Венецуелскиот лидер со години се одржувал на власт, и покрај протестите, пропадната економија и меѓународните санкции преку цврста контрола над војската и разбивањето на опозицијата.

Египетскиот милијардер, со нето вредност од 5 милијарди долари, инвестирал на пазарите во развој и некои развиени земји во текот на својата кариера, вклучувајќи го основањето на операторот за мобилна телефонија во Северна Кореја.

Тој во вторникот изјавил дека гледа можности во Африка и во земји до Латинска Америка, вклучувајќи ги Бразил и Аргентина. Но, дури за некој со докажан апетит за ризични инвестиции, Савирис рекол дека поради Брегзит одлучил да не инвестира во Велика Британија, но и во ЕУ.

"Брегзит е катастрофа. Европа е голем неред", рекол тој.

Еден исклучок е Италија, за која Савирис рекол дека тука би можел да вложи 300 милиони долари додека владата размислува за продажба на имоти во сопственост на државата.

"Владата на Италија седи на некои од најдобрите недвижнини во светот", рекол тој.

Инаку, Мадуро вчера ги започнал најважните воени вежби во историјата на Венецуела, во рамките на подготовката на одбрана на земјата, откако САД и сојузниците го поддржале самопрогласениот претседател Хуан Гваидо.

Вежбите ќе траат до 15-ти февруари и се верува дека тие ќе бидат најголеми воени маневри во оваа земја во минатите 200 години, колку што Венецуела официјално постои.

Венецуела последните години се наоѓа во многу тешка ситуацијата поради хиперинфлација, глад и сиромаштија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг