До петок ветер и слаб снег, од сабота сонце

Макфакс

13/02/2019

12:34

796

Големина на фонт

а а а

Во петок ќе има локални врнежи од снег, а од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за временската прогноза во следните денови. Утре, како и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Инаку, времето денеска е променливо облачно, во северозападните и северните делови со локален слаб снег. Во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува 80 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од минус 1 до 7 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за провејување слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг