СДСМ: Одговорна партија не би го загрозила датумот за ЕУ со предвремени избори

Макфакс

13/02/2019

10:45

912

Големина на фонт

а а а

Веќе сме во НАТО, одговорна партија не би ја загрозилa шансата за почеток на преговори со ЕУ време е за силна економија и избор на вистински претседател со предвремени избори, вели утрово СДСМ по вчерашната седница на Извршниот одбор, на која беше одлучено партијата да не го прифати барањето за предвремени парламентарни избори.

„Нашата татковина веќе е дел од НАТО. Постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети. Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи. Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите“, вели СДСМ во соопштението.

Партијата додава дека иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, тие не мислат на предвремени избори, туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа, како што тврдат, е државнички и одговорно.

„Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите. СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ“, се вели во соопштението.

Понатаму, во однос на претседателските избори се додава дека на земјата и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата а не како досега само за партиските интереси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг