На „Богородица“ ќе биде поставена табла со новото име

Макфакс

13/02/2019

09:47

1.025

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија денеска ќе биде поставена табла со новото уставно име на државата.

Царинската управа на Република Северна Македонија во 13 часот на граничниот премин Богородица кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата, информираат од Владата.

Претходно, вчера на сила стапи преспанскиот договор, по што Владата ја задолжи Царинската управа во рок од три дена да го промени името на таблите на граничните премини и на двата аеродроми во земјата. Со стапувањето на сила на договорот, земјата формално стана Република Северна Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг