Словенечкиот парламент на вонредна седница го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, пренесуваат словенечките медиуми.
Протоколот доби зелено светло со 72 гласа „за“ и 12 „против“, од присутните пратеници во Собранието.
Пред гласањето, пред пратениците се обрати и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој порача дека меѓу двете држави нема отворени прашања.