Знаете ли кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку?

Точка

12/02/2019

17:47

5.970

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за зрачењето на паметните телефони, има голем број на луѓе кои што тоа го сфаќаат премногу сериозно – оваа листа открива кои телефони зрачат најмногу, а кои најмалку.

Ако при изборот на нов телефон ви е важно кој модел колку зрачи, тогаш листата која што ја изготвија Германците дефинитивно ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука.

Според извештајот на германската Државна канцеларија за заштита од радијација (Bundesamt für Strahlenschutz), која што ги тестирала актуелните паметни телефони, најмногу зрачат телефоните на компаниите Xiaomi и OnePlus, додека најмалку зрачат телефоните на Samsung, ZTE и LG.


И додека не постои точно одредена граница во врска со количината на зрачење по килограм ткиво за луѓето, германската асоцијација за животна околина “Der Blaue Engel” тврди дека максималното зрачење по килограм ткиво би требало да биде околу 0,6W/kg.

Мерењата биле извршени на територија на Германија во текот на декември 2018-та година, во моментот кога телефонот е ставен на увото.