Прво парични казни, па бркање од домот за студентите кои ќе продолжат да фрлаат ѓубре од прозорците на „Пелагонија“

Нетпрес

12/02/2019

14:21

1.186

Големина на фонт

а а а

Ѓубрето под прозорците на женската зграда од студентскиот дом „Пелагонија“ го исчистиле вработените, а не студентите, потврди денеска директорот на домот, Бујар Муртезани.

Тој најави дека во иднина студентите кои ќе фрлат отпад во дворот ќе се соочат прво со опомена, потоа со парична казна, а доколку не го поправат своето однесување им се заканува и бркање од домот.

Јас и службите сме во редовна комуникација со студентите. Грдата слика ги нарушува имиџот на домот. Ќе биде поставен видео надзор и ќе има санкции. Сите студенти посовесно да се однесуваат, изјави Муртезани.

На прес конференцијата пред домот изјава даде и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Грдата слика да ја исчистиме. Ова не е Работа на Град Скопје. Сите општини да се грижат за јавната хигиена. Овие диви депонии ги создаваат луѓе и тие не никнуваат од земја. Отпадот да го ставаме во корпите и контејнерите. Секој од нас носи одговорност – рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг