Помпео: Вашингтон не го заташкува „случајот Кашоги”

Макфакс

11/02/2019

20:43

339

Големина на фонт

а а а

Вашингтон не се обидува да го заташка случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

„Америка не го заташкува убиството”, рече Помпео во одговорот на новинарското прашање за време на посетата на Будимпешта.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, остана глув за повиците на Конгресот на САД да се изјасни за улогата на саудискиот престолонаследник Мохамед бен Салман за тоа убиство. Конгресот му даде рок на Трамп до петок да заземе став во врска со ова прашање.

Демократските и републикански сенатори на 10 октомври активираа закон кој му дава на американскиот претседател 120 дена за да се изјасни за улогата на Салман во убиството. Трамп го отфрли ултиматумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг