Омилената русокоса во најгрда тоалета: Сите чекаа да ја видат, а потоа се разочараа

Точка

11/02/2019

20:25

4.374

Големина на фонт

а а а

Австралиската актерка Марго Роби важи за една од најубавите жени во светот на познатите. Оваа титула ѝ ја донесоа прекрасните црти на лицето, беспрекорниот тен, нереално зелени очи и совршена линија, но и неспорниот талент за глума, па многу брзо стана популарна, а воедно и една од најбараните млади актерки.

Па така, очекувано, и Марго се најде меѓу номинираните за BAFTA награда, во категоријата за најдобра актерка во споредна улога, па многумина едвај чекаа вчеравечер да ја видат на црвениот тепих во Ројал Алберт холот.


За жал, Марго многумина разочара со тоалетата со сребрени светки и целосно непотребен тул на ракавите и под колената.

Освен поради тоалетата, Марго е критикувана и за шминката, односно за нападната сина сенака за очи, која, според мислењето на многумина, никако не одговара со нејзиниот тен.


Единствено за што Марго во оваа прилика доби пофалба е изборот на фризура - необична висока пунџа на страна, која ѝ го отвори прекрасното лице и дополнително ја истакна нејзината убавина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг