Откриени две групи со 16 мигранти кај Табановце

Макфакс

11/02/2019

20:02

727

Големина на фонт

а а а

Две групи со вкупно 16 миграти биле откриени во близина на Табановце.

Како што информира полицијата, вчера во 7:35 часот на автопатот Табановце-Куманово возило „мерцедес“ не застанало на даден знак и се упатило кон граничниот премин Табановце. По преземени мерки, во 8:20 часот во село Табановце, на место викано Чивлук, било пронајдено патничкото возило „мерцедес“, сопственост на М.А.(28) од село Батинци, Скопско, а во негова близина била пронајдена и група од 10 мигранти (шест лица од Пакистан и четири лица од Сирија).

Дополнително, во близина на село Лојане биле пронајдени шест мигранти (пет од Ирак и едно лице од Иран). Миграните биле пренесени во транзитниот центар Табановце. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг