Дали зборуваме ист јазик? Како мажите и жените ги разбираат овие пет вообичаени фрази

Точка

11/02/2019

19:47

1.993

Големина на фонт

а а а

Кога комуникацијата е во прашање, мажите и жените многу често воопшто не се разбираат. Различното разбирање во одредени ситуации често доведува до недоразбирање, па дури и до конфликти меѓу припадниците на спротивниот пол.

Мажите и жените потполно различно сфаќаат и толкуваат една обична реченица, а да не зборуваме за тоа каква конфузија настанува кога ќе почнат да се анализираат постапките на партнерот.


За барем малку да ви ја приближиме оваа огромна разлика во начинот на размислувањето на мажите и жените, ви носиме различни, машки и женски сфаќања на следните реченици и ставови:

Треба да разговараме за нешто.

Кога мажите ќе ја слушнат оваа реченица, мислат дека станува збор за некој проблем и се подготвуваат за жестока расправија.

Жените отворениот разговор го сметаат за идеална прилика уште повеќе да се зближат со партнерот, затоа и многупати иницираат вакви ситуации.

Ајде тоа да го направиме заедно!

Мажите не се љубители на тимски задачи, за нив тоа е напорна активност бидејќи се многу самостојни, победнички настроени и уживаат кога сами нижат успеси, на било кое поле.

За жените пак, предлогот тимски да прават нешто со својот партнер го сметаат за романтичен, забавен и секогаш добредојден.


Потребен ми е мир и тишина.

Со оглед на тоа дека мажите ретко разговараат за своите проблеми, тие ќе ви ја исполнат желбата за мир и тишина и дури ќе ја разберат таа ваша потреба.

Жените непрекинато зборуваат за сè, па затоа потребата на партнерот за тишина ќе го протумачат како лутина, и потоа се вознемируваат и загрижуваат.

Подоцна ќе видиме за тоа.

Мажите никогаш не се нервираат околу одолговлекувањето на важните разговори, за нив тоа е сосема во ред. Ако постои решение на проблемот, ќе се реши подоцна или порано и тоа сосема е во ред.

Жените се толку посветени на врската, па одлагањето на важните разговори ги вознемирува моментално, тие едноставно не можат мирно да функционираат додека не се реши.


Во ред е.

Со оглед на тоа дека ова им е најчеста реченица во секојдневната комуникација, мажите навистина не ѝ даваат никакво значење.

Жените од друга страна, неа ја користат за на партнерот да му дадат до знаење дека се многу лути, па живеат со убедувањето дека и мажите ја користат со исто значење и сосема е невозможно да ги убедите во спротивното.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг