Сколс го остава микрофонот: Легендарниот играч за врска го прифати првиот посериозен менаџерски предизвик

Дерби

11/02/2019

21:45

1.201

Големина на фонт

а а а

Пол Сколс во последно време беше познат по тоа што важеше за најголем критичар на Жозе Мурињо од телевизиските студија на англиските телевизии, но во наредниот перид, легендарниот играч за врска ќе одмори од микрофоните и од улогата на експертски аналитичар.

Сколс цела своја фудбалска кариера ја мина во Манчестер Јунајтед и имаше можност да научи многу за тренерскиот занает од Сер Алекс Фергусон, па сега реши својот прв посериозен проект во овие води да го има во третата англиска лига. Легендата на Јунајтед во наредните 18 месеци ќе биде менаџер на Олдам кој се натпреварува во англиската Лига 2, а тоа значи дека ќе ја има првата улога како перманентен менаџер во својата тренерска кариера.




Спонзорирани линкови

Маркетинг