Моќно и убаво: Новиот Razer Blade Stealth Quartz лаптоп

Точка

11/02/2019

17:25

740

Големина на фонт

а а а

Се прашувате што да ѝ купите на вашата поубава половина за Денот на вљубените? Во случај таа да сака техника и компјутри, имаме совршен одговор на ова прашање - станува збор за прекрасниот Blade Stealth Quartz лаптоп.

Покриен со розова нијанса, овој лаптоп е претставен во вистинско време, бидејќи навистина претставува совршен подарок за дама.


Покрај неговиот розов екстериер, лаптопот ги содржи речиси сите перформанси и спецификации кои веќе ги видовме на црниот модел Blade Stealth. Тој располага со 13,3 инчен Full HD дисплеј, придвижуван од Core i7-8565U процесор од осмата генерација, графичка картичка Nvidia GeForce MX150, 16 GB DDR4-2133 меморија, PCIe M.2 solid state драјв од 265 GB и батерија од 53.1Wh. Новиот Blade Stealth лесно преминува на работа со дискретна и интегрирана UHD графика од 620 GPU, која вообичаено доаѓа со 60% потенок рам.


Коментирајќи го овој лаптоп, извршниот директор на Razer, Мин-Лианг Там, изјавил: „Овој Ден за вљубените, радоста на гејмингот ја прославуваме на поинаков начин. Новиот Blade Stealth е нашиот најмоќен лаптоп досега, и дизајниран е за игри и работа“.

Новиот лаптоп чини 1.600 долари, а ќе биде достапен за продажба во ограничен временски период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг