Знамето на НАТО утре ќе биде поставено пред Владата

Макфакс

11/02/2019

16:38

1.133

Големина на фонт

а а а

Со свечена церемонија утре ќе биде подигнато знамето на НАТО пред Владата.

Како што најави владината прес-служба, во рамките на свеченоста, пред платото на Владата ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Претходно, денеска, беше остранета таблата од зградата на македонската Влада со натпис – Влада на Република Македонија, а се очекува деновиве на местото да биде поставена табла со новото уставно име на државата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг