Без шминка: Познатата пејачка во природно издание ги засенила сите останати ѕвезди

Точка

11/02/2019

14:18

2.343

Големина на фонт

а а а

Пејачката Алиша Кис вчера била присутна на доделувањата на Греми наградите, а на сите им влегла во око бидејќи дошла во сосема природно издание без грам шминка на лицето.

Алиша била дури и домаќин на 61. издание на Греми, а на сцената била без грам шминка. 

Пејачката рекла дека оваа одлука се однесува на сопствената експресија и дека никогаш не би сакала да се врати на периодот кога носела нападна шминка.

"Сакам да се изразам самата себе и би сакала повеќе познати дами да го направат истото", заклучила пејачката.

Инаку, Алиша во 2016-та година одлучила дека повеќе нема да носи шминка, а во една прилика рекла:

"Секогаш кога излегував од дома се грижев дека сум заборавила да ставам шминка или дека некој ќе ме фотографира без истата. Уште полошо, што ако ја објави некаде. Тоа беа површни несигурности, но навистина така размислував. Премногу се грижев за тоа што другите луѓе би можеле да мислат за мене", рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг