Умерено облачно време со дожд во попладневните часови

Макфакс

11/02/2019

09:47

789

Големина на фонт

а а а

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, преку денот со засилен јужен ветер, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни.

Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе движи во интервал од 12 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. Максималната температура ќе достигне до 14 степени Целзиусови.

Под влијание на многу студена воздушна маса од север, од утре следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг