Мадуро покажал дека има најмоќна армија на континентот! Ја кренал целата војска на нозе: Еве како изгледа кога тие демонстрираат сила

Точка

11/02/2019

08:47

6.427

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го прогласил почетокот на најголемите воени-цивилни вежби - "Двесте години Ангостура 2019" - во историјата на таа земја, во која ќе учествуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Пред почетокот на воените вежби претседателот пристигнал во државата Миранда, која се наоѓа во близина на Каракас, каде извршил инспекција на воената техника, вклучувајќи ги и ракетните системи од руско производство. 

Воените вежби ќе се одржат од 10-ти до 15-ти февруари како што претходно соопштил Мадуро, тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.

На 15-ти февруари 1819-та година на Конгресот во Ангостура на иницијатива на Симон Боливар, Венецуела прогласила независност од Шпанија.

Иако венецуелската војска можеби и не е една од најбројните армии на јужноамериканскиот континент, кога станува збор за воената техника и вооружувањето, можеби се вбројува во една од најмоќните. Главен адут е авијацијата, на чело со руските ловци "Su-30MK2V".

Копнената техника на венецуелската војска е од руско потекло, а осовината на армијата ја сочинуваат 92 тенка T-72B1V и 123 единици од руските модернизирани амфибијски борбени возила на пешадијата "BMP-3M" со засилена конструкција, како и со вграден најнов систем за нишанење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг