Мицкоски се сретна со хрватскиот премиер

Макфакс

07/02/2019

19:12

1.162

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Загреб се сретна со премиерот на Република Хрватска и претседател на сестринската партија ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

„Мицкоски го запозна премиерот Пленковиќ за корупцијата и криминалот, како и затоа дека Македонија е заробена држава каде што се тргува со правото и правдата од страна на актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Мицкоски го запознал Пленковиќ со состојбите во Република Македонија при што ја пренесол неговата загриженост поради растечката корупција, криминалот, трговијата со правото и правната држава, назадувањето на евро интеграции, како и отворениот сомнеж за можен фалсификат на претстојните избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг