Столтенберг: Русија се обиде да влијае на одлуката на балканските земји за НАТО

Макфакс

07/02/2019

15:14

841

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за „Еуроњуз“ на денот кога Македонија го потпиша документот со кој се овозможува влез во алијансата, предупреди на руско мешање кај балканските земји.

„Русија се обидува да се вмеша, Русија се обидува да се вплетка во политичките процеси во суверените земји“, рече Столтенберг, додавајќи дека мисли оти тоа е погрешно.

Рече дека поголем дел од политичките партии во парламентот во Скопје одлучиле дека сакаат земјата да пристапи во сојузот и одлуката е поздравена.

„НАТО ја почитува одлуката на независните, суверени земји без оглед на тоа дали сакаат или не сакаат да се приклучат кон НАТО. Во Србија, на пример, јасно кажаа дека не сакаат да се приклучат кон НАТО и ние тоа го почитуваме. Русија би требала да ја почитува одлуката што ја донесоа суверените земји, безразлика дали сакаат или не сакаат да се приклучат кон НАТО“, изјави Столтенберг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг