Трамп со својот говор го заспал детето со исто презиме: Малиот Џошуа бил специјален гостин, но издржал само половина од обраќањето на претседателот

Точка

06/02/2019

20:35

2.700

Големина на фонт

а а а

Џошуа Трамп, кој со месеци од пријателите во училиште бил исмеван бидејќи се презива како американскиот претседател со кој не е во роднински врски, бил гостин на Конгресот, кога Доналд Трамп држел говор за состојбата на државата.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, го поканила детето да биде гостин, и од него направила симбол на борбата против злоставувањето. 

Џошуа Алберт Трамп има 11 години и живее во американската сојузна држава Далавер, каде во училиште соучениците го задевале поради презимето.

Малиот Џошуа вчера бил меѓу почесните гости на првата дама во Конгресот. Камерите во текот на говорот забележале дека детето заспало на сред говорот на Трамп.

Говорот почнал во 21.00 часот по локално време, и траел 90 минути, што за Џошуа било доцна, бидејќи бил навикнат рано да легнува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг