Мицкоски се сретна со Вучиќ

Макфакс

06/02/2019

12:16

1.242

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со претседателот на Србија и претседател на СНС, Александар Вучиќ.

„Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план. Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности“, истакнал Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг