СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника и бара алиби за изборниот пораз

Макфакс

04/02/2019

10:53

817

Големина на фонт

а а а

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во паника од успехот на Македонија и членството во НАТО. Македонија седнува на своето столче во НАТО, Мицкоски стравува за своето опозициско столче во ВМРО ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, ВМРО- ДПМНЕ знае дека ја чека пораз на избори, знае дека нема поддршка кај граѓаните, освен деструкција и блокади не нуди ништо добро за државата и нејзините граѓани.

„Затоа ВМРО ДПМНЕ бара алиби за извесниот изборен пораз во нереални и измислени причини.

Измамите, изборните манипулации, злоупотребата на институциите пред избори се симбол на криминалното вледеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат и бројните судски предмери за изборни нерегуларности што се водат против нив пред наделжните судови.

Наместо очајнички да бара алиби преку измислици, Мицкоски и антизападното раководството на ВМРО ДПМНЕ во белиот дворец нека се подготват за пораз на какви било избори кои ќе бидат фер, слободни и демократски”, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг