Мицкоски на политичко собрание на ЕПП во Брисел

Макфакс

04/02/2019

10:49

921

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе присуствува на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) што се одржува во Брисел.

На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и претставници на ЕУ кои се дел од Европската народна партија, чијшто член е ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.Во делегацијата на ВМРО ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, соопшти партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг