Спасовски: Претепаните полицајци во Шуто Оризари не дошле по дојава на „Фејсбук“

Макфакс

01/02/2019

13:50

1.033

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека двајцата полицајци што се во притвор поради инцидентот во Шуто Оризари, во населбата не дошле по ничија дојава, ниту по објава на „Фејсбук“. Тој тврди дека во тој момент не биле на должност, туку таму биле приватно.

Според министерот Спасовски, ден пред инцидентот на социјалните мрежи имало објава за наводно киднапирање деца во Шуто Оризари, па тоа било причина за инцидентот.

За овој случај се поднесени седум кривични пријави. Двајцата полицајци по барање на ОЈО се во притвор поради сомнеж дека сториле кривично дело насилство.

Инцидентот се случи пред една недела кога на улицата Индира Ганди беа нападнати полициски службеници. Тие пристигнале со возило и биле претепани од страна на жителите во населбата.

Од МВР сооштија дека инцидентот се случил кога малолетничка, наводно, видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа му го кажала ова на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата што биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош.




Спонзорирани линкови

Маркетинг