Гуаидо: На Русија и Кина најмногу им одговара стабилност и промена на владата во Венецуела

Макфакс

01/02/2019

10:53

972

Големина на фонт

а а а

Лидерот на опозицијата и претседател на националното Собрание на Венецуела, единственото тело во земјата кое е под контрола на опозицијата, Хуан Гуаидо, во интервјуто за „Ројтерс“, изјави дека стапил во контакт со Русија и Кина, сојузници на претседателот Николас Мадуро.

„Она што најмногу им одговара на Русија и Кина е стабилност во земјата и промена на владата“, изјави Гуаидо.

Русија и Кина, по избувнувањето на новата политичка криза во Венецуела застанаа на страната на претседателот Николас Мадуро.

Опозиционерот и претседател на Собранието Хуан Гуаидо, себе си два дена по протестите се самопрогласи за претседател на државата, а него го признаа САД, голем дел од земјите од Латинска Америка, а вчера неговото претседателство го поддржа и Европскиот парламент. Русија и Кина, заедно со претседателот Мадуро, по политичката криза обвинија дека зад ова стои САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг