Европскиот парламент го призна Гуаидо за претседател

Макфакс

31/01/2019

15:11

1.142

Големина на фонт

а а а

Европскиот парламент го призна лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како де факто претседател на Венецуела.

Гуаидо минатата недела се прогласи за привремен претседател на Венецуела, а меѓу првите држави што го поддржаа беа САД.

Од друга страна, пак, сегашниот претседател на државата, Николас Мадуро, кој ужива поддршка од Русија, но и од воениот врв на Венецуела, го обвини Гуаидо за државен удар под покровителство на САД.

„Ројтерс“ објави дека европските пратеници овој потег го опишуваат како чекор со цел да се зголеми притисокот врз Мадуро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг