Повреден и полицаец кој службено бил во Шуто Оризари – МВР со детали за инцидентот

Макфакс

29/01/2019

12:07

5.250

Големина на фонт

а а а

Во инцидентот што синоќа се случи во скопската населба Шуто Оризари, со повреди се здобил и службеник кој презел службени дејствија на местото на настанот, соопшти МВР.

Од полицијата претходно јавија дека на улицата Индира Ганди биле нападнати двајца полициски службеници кои не биле на должност. Тие со возило пристигнале и биле претепани од страна на жителите во населбата.

„Инцидентот се случил кога малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување лекарска помош“, соопшти МВР вчера.

Како што јави МВР, со полициските службеници кои не биле на работа во возилото имало уште едно лице на 39-годишна возраст. Двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ и комплекс клиники „Мајка Тереза“. Трите лица се од Долно Блаце.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден нема пријава за исчезнато или грабнато лице од ниту едно семејство на подрачјето на Скопје, велат од Министерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг